Ванеса со нова срцепарателна порака: Не е збогување, туку прослава на животот (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Збогувањето од легендарниот кошаркар Коби Брајант, ќерка му Џина и уште седум лица, кои настрадаа во пад на хеликоптер во Калифорнија, ќе биде одржана на 24 февруари.

Сопругата на Коби се огласи на Инстаграм, каде што испрати емотивна порака.

„Го славиме животот на Коби и Џина Брајант“, порача таа.

Збогувањето од Коби и останатите лица ќе се одржи на 24.2.2020 година во 10 часот по локално време, односно 18 часот по средноевропско време.

Американските медиуми соопштија дека тоа ќе се одржи во „Стејплс центарот“ пред кој секојдневно доаѓаат навивачи за да му оддадат почат на својот идол.