Ванеса објави емотивна снимка од домот: Ќеркичката ги направи првите чекори (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопругата на Коби Брајант, Ванеса мора да продолжи со својот живот понатаму, иако неодамна го загуби својот маж и 13-годишната ќерка Џина Марија, но таа има уште три ќерки.

Ванеса на профилот на Инстаграм објави видео од домот и ја покажа својата ќерка Коко, која ги направи првите чекори.

„Мојата Коко, изгледа како Џиџи со очите на татко ѝ“, напиша Ванеса.

Коко има само седум месеци и таа е најмлада ќерка на Ванеса и Коби, а фановите напишаа дека бебенцето навистина изгледа како 13-годишната Џина.

Во секој случај, комеморацијата за Коби и ќерка му ќе се одржи на 24 февруари, а засега нема информација кога ќе биде погребот.