На Паркот на Принцовите виден е неверојатен автогол: Дракслер покажа зошто никогаш не треба да се откажуваме (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во животот и во фудбалот, никој не треба да се откажува, туку да се бори за секоја топка, затоа што никој никогаш не знае дали ќе постигне гол или не.

ПСЖ и Лион одиграа фантастичен и многу ефикасен натпревар. Постигнаа шест гола, домаќините славеа со 4:2, а гостинскиот фудбалер Фернандо Маркал се погрижи да биде првата „sвезда“ на „Паркот на Принцовите“.

30-годишниот дефанзивец постигна навистина неверојатен автогол кога ја уфрли топката во својата мрежа од неколку метри и во неверување легна на теренот.

На ова му претходеше Јулијан Дракслер, кој на некој начин одигра двоен пас со еден од одбрамбените на Лион, за да покаже дека изгубената топка може да донесе погодок.

Германецот успеа да ја врати топката во теренот која со мал дел излезе , а потоа несреќниот Маркал ја затресе мрежата.