Барселона во среда го претставува новиот напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона доби дозвола од Ла Лига да донесе нов напаѓач иако зимскиот преоден рок заврши пред десетина дена.

Како и да е, Кике Сетиен остана без двајца во офанзивата, откако Луис Суарез и Осман Дембеле се повредија.

Правилата предвидуваат дека Барселона може да донесе ново засилување по крајниот рок, но само од Шпанија. Многу играчи се поврзуваа со каталонскиот клуб, но се чини дека конечно најдоа решение.

Каталонски спорт утрово објави дека Барселона ќе се со засили напаѓачот Вилијан Хозе кој пристигнува од Реал Сосиедад. Трансферот се проценува дека ќе чини околу 30 милиони евра и ќе биде потпишан до летото 2023 година.

Спорт пишува дека трансферот треба да биде официјализиран во среда кога Вилијан Жозе ќе биде претставен како ново засилување за каталонскиот клуб. Ако се оди по планот, Вилиан Жозе би можел да го има своето деби за Барса уште во сабота на натпреварот против Хетафе.

Овој 28-годишен напаѓач досега има одиграно 22 натпревари во Ла Лига оваа сезона и има постигнато осум гола.