Кутињо има понуди од четири англиски гиганти и еден француски клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно е дека Филипе Кутињо нема да остане во Баерн Минхен, зашто не го покажа тоа што го очекуваше управата од него.

Баерн нема да го откупи за 120 милиони евра, колку што изнесуваше клаузулата, па тој ќе се врати во Каталонија по завршување на позајмицата.

Сепак, Кутињо нема да остане долго во Барселона, каде што за него нема место, а наводно има понуда од пет клубови.

Бразилецот го посакуваат четири англиски гиганти, меѓу кои се Јунајтед, Сити, Ливерпул и Тотенхем, додека од Франција има понуда и од ПСЖ.

Мала предност му се дава на Ливерпул, кој би можел да го ангажира затоа што претходно играше токму во премиерлигашот.