Ѓорческа скокна 60 места на ВТА-листата!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за дури 60 позиции на најновата ВТА-листа, откако претходно успеа да стигне до финалето на турнирот во Трнава, Словачка.

Ѓорческа играше фантастично на турнирот, па елиминираше неколку фаворитки на патот до финалето, каде што немаше сила за да ја реши и Лансере од Русија (2-6 и 3-6).

Во секој случај, Ѓорческа освои нови бодови и оствари скок од 60 позиции на ВТА-листата, односно од 403. место напредуваше до 343. позиција.

Секако, ова е послабо од нејзиниот најдобар успех, кој го постигна пред две ипол години, кога беше пласирана на 170. Позиција.