Барселона и официјално доби „корпа“ за еден од напаѓачите кои ги посакуваше во своите редови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Реал Сосиедад, Имано Алгуасил потврди дека нивниот напаѓач, Вилијан Жозе нема шанси да се пресели во Барселона овие денови.

Барселона се поврзуваше со ангажман на Вилијан Жозе, но сега ќе мора да побара ново решение за нападот.

„Доколку стават понуда на маса од 70 милиони евра, тогаш добро. Целата работа за Вилијан Жозе се претера. Тој е наш играч и сака да остане наш играч. Не гледам долгорочно, но убеден сум дека тој ќе биде со нас до крајот на оваа сезона“ –изјави Алгуасил.