Кутињо за својот Ливерпул: Тие летаат, но јас не жалам…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул оваа сезона ги собира плодовите од неколкугодишната напорна работа на Јирген Клоп кој се соочи со губењето на својот најдобар играч,Фелипе Кутињо кој замина во Барселона.

Сепак, Ливепрул продолжи да игра се подобро и подобри и без Кутињо, и за разлика од Бразилецот, клубот стигна до историски успеси во годините наназад.

Кариерата на Кутињо пак фати надолна фаза, па сега тој игра во Баерн Минхен кој сигурно нема да го откупи по крајот на сезоната.

„Не гледам назад, заминав по друг пат  и на дргуо патување сум. Како и сите други, сконцентрирам сум на остварувањето на своите соништа. Среќен сум поради тоа што го сторив во минатото и не се враќам во минатото, туку само гледам напред. Ливерпул лета и тоа не ме изненадува. Тоа го видовме минатата година кога ја освоија  Лигата на шампионите, навистина не сум изненаден зошто имаат фантастичен тим и одличен менаџер“ –изјави Кутињо.