Бобан Марјановиќ со хит на Шабан Шаулиќ ја крена публиката на нозе (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ важи за голем шоумен, каде и да се појави. Овој 224 см висок кошаркар на Далас маверикс синоќа пред дуелот против Сакраменто реши малку да ја загрее атмосферата во салата.

Марјановиќ го зема микрофонот во раце и заедно со српските навивачи, кои дојдоа да го гледаат мечот, почна да пее хит на починатиот пејач Шабан Шаулиќ.

Да потсетиме, Далас успеа да слави против Сакраменто со 130-111, а Марјановиќ постигна само три поени и тоа преку тројка, па беше далеку послаб од претходните натпревари.