Ф1 се соочува со големи проблеми: Корона вирусот ќе ја одложи и трката во Виетнам?


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


„Скај Спортс“ објави дека поради опасниот корона вирус би можела да биде одложена и трката во Формула 1 (Ф1) во Виетнам.

Организаторите пред неколку дена официјално соопштија дека е одложена трката во Кина поради вирусот, а сега исто може да се случи и во Виетна.

„ФИА ќе го процени календарот на претстојните трки и ако е потребно, ќе ги преземе сите потребни потези за да се заштити мото заедницата“, соопштија од Ф1.

Трката во Шангај требаше да се вози на 19 април, но е одложена и најверојатно ќе биде вратена на крајот на годината доколку дотогаш помине опасноста од корона вирусот.