Халанд откри зошто не потпиша за Манчестер Јунајтед: Смешно е тоа што го пишуваат…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешкиот репрезентативец, Ерлинг Халанд игра феноменално оваа сезона и сосема оправдано го привлече вниманието на светската јавност.

Халанд отвори одлично во Ред Бул Салцбург, а по неговиот трансфер во Борусија Дортмунд продолжи да ги гази противнциите.

Во пет натпревари за „милионерите“ постигна осум погодоци и покажа дека ќе биде еден од најдобрите играчи во иднина.

Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за него, а медиумите објавија дека Борусија му дала подобра финансиска понуда од „ѓаволите“, а на тоа Халанд одговори:

„Смешно е кога гледам што пишуваат. Сите луѓе кои ме знаат, знаат дека не сум таков. Парите не играа никаква улога и гледав најдобро за мојата кариера. На крај заклучивме дека Дортмунд е надјобар избор и верувам дека не погрешив“ –изјави Халанд.