Дали Ибрахимовиќ ќе остане во Милано? Од клубот стигна јасен одговор!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ одлично се вклопи во составот на Милан.

Ибра ги потврди своите квалитети и навивачите се прашуваат дали ќе остане во нивниот клуб по крајот на сезоната.

Тој потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година.

Директорот на Милан, Рики Масара, одговори на ова прашање.

“На крајот, тоа ќе зависи од него, како се чувствува и на колку долго сака да продолжи. Тој е навистина феномен и ние сме многу задоволни од неговите игри”, рече Масара, додавајќи.

“Златан е Златан. Видовме дека тој лесно може да игра и може да биде од значење за нас. Зошто да не го користиме?”

Синоќа тој доби жолт картон на натпреварот во Купот против Јувентус (1:1) и нема да игра во реваншот.