Сари по Милан: Во животот, јас се грижам само за здравјето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус стигна до реми синоќа на натпреварот во Купот против Милан.

Заврши 1:1, а реми на тимот од Торино донесе Кристијано Роналдо со гол од 11 метри. Јувентус не помина лесно, а навивачите не можат да бидат задоволни од играта.

Сепак, Маурицио Сари истакнува дека не е загрижен.

„Мојата единствена вистинска грижа во мојот живот е здравјето. Ова е спорт, тим не може да победува цело време“, рече Сари.

“Ние примаме голови што треба да се избегнат. Сега сме во малку послаба форма, но за 15 дена може повторно да биде одлично. Тешко е да се каже во фудбалот, но видов некои позитивни работи минатата вечер.”

Јувентус сега го очекува натпреварот од 24. коло во Серија А на домаќинот Бреша.