Реал Мадрид од „заседа“ ѝ ја краде најголемата желба на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за најголемата желба на Барселона и напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез, кој најверојатно на лето ќе ја напушти италијанската екипа.

Мартинез игра одлично сезонава, па на 28 меча постигна 16 голови, па сигурно ќе биде засилување за следниот тим во кој ќе заигра.

Каталонците имаат проблеми со финанискиот фер-плеј, па не можат да платат 115 милиони евра за Мартинез, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Од друга страна, Реал Мадрид ги има тие пари и има предност во борбата за неговиот потпис, сепак многу работи зависат и од настапите на Лука Јовиќ, кој ако не се покаже, ќе биде продаден.