Бостон ќе го повлече дресот со број пет на Гарнет (ФОТО)

Бостон Селтикс го повлекува од употреба дресот со број пет во чест на легендарниот кошаркар на клубот, Кевин Гарнет.

Гарнет играше за Бостон од 2007 до 2013 година и притоа успеа да го освои шампионскиот прстен во 2008 година, кој беше вкупно 17. за екипата.

„Секогаш ќе имам голема благодарност до сопствениците, моите поранешни соиграчи и сите поддржувачи на Бостон“, порача Гарнет.

Во дресот на Бостон, Гарнет одигра 396 натпревари, а во просек постигнуваше 15,7 поени, 8,3 скокови и 2,7 асистенции.

Гарнет е вкупно 24. кошаркар чиј број е повлечен од страна на Бостон, а од истата генерација повлечен е и бројот на Пол Пирс.