Барселона во второто полувреме го потопи Гранољерс – Лазаров 7 погодоци, лош натпревар за Борко


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Барселона славеа убедлива победа против Гранољерс на домашен терен, 37:26.

По првите 30 минути не изгледаше дека ќе биде лесен натпревар за Барселона. Гранољерс успеа да се задржи и да замине на полувреме, 17:17. Во второто полувреме гостите не знаеја како да ги запрат ракометарите на Барселона кои ја демонстрираа силата и покажаа дека во шпанската лига никој не може да ги совлада. Конечни 37:26.

Македонскиот репрезентативец, Кирил Лазаров постигна 7 погодоци од 8 обиди и заедно со Ваел Жалуз кој постигна 7 погодоци беа најефикасни во овој натпревар. Валеро Ривера постигна 4 погодоци и не знаеше да промаши. Лош натпревар имаше Борко Ристовски кој успеа да запише само 4 интервенции од 21 шут. Жорге Филипе Фернандез Монтеиро Да Силва со 7 погодоци беше најефикасен кај Гранољерс.