Американците го „скршија“ Светот, Дончиќ даде тројка од половина терен (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Олстар-викендот почна со меч меѓу Светот и САД (131-151), а станува дуел во кој учествуваат кошаркари кои во моментов се во првата и втората сезона во НБА-лигата.

Секако, мечот беше исполнет со многу атрактивни потези, а дел од нив беа акциите и забивањата на Зајон Вилијамсон. Сепак, најефикасен во редовите на Светот беше Берет со 27 поени.

Најдобар кај Американциите беше Ерик Паскал со 23 поени, Колин Секстон постигна 21 поен, а Вилијамсон додаде 14 поени.

Еден од најдобрите потези беше на младата ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ, кој успеа да постигне тројка од половина терен.