Барселона го користи Гризман како мамка и го праќа во Италија!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Антоан Гризман беше скапо платен од страна на Барселона, но во каталонскиот гигант не игра како што тоа го правеше за Атлетико Мадрид, па поради тоа би можел да биде продаден на лето.

Барселона одамна го посакува 22-годишниот Лаутаро Мартинез, а овие шпекулации се поинтензивни во последно време и Џанлука Ди Марцио тврди дека веќе почнале преговорите со Интер.

„Тутоспорт“ пишува дека Барселона не може да плати 111 милиони евра за Мартинез, но затоа сака да му понуди фудбалер на Интер плус да му доплати за напаѓачот.

Интер, наводно, го посакува Гризман од Барселона, па Каталонците можеби би решиле да го понудат како замена за Мартинез.