Првиот човек на Ла Лига побара да се казни уште еден европски гигант! (ФОТО)

Меѓу првите луѓе на веста за казната на Манчестер сити од УЕФА реагираше првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, кој беше задоволен со тоа што англискиот тим беше казнет.

Претседателот на Ла Лига очигледно беше воодушевен од веста дека УЕФА конечно преземала акција и против „недопирливите“ тимови.

„УЕФА конечно презема акција. Примената на правилата за Финансискиот фер-плеј и казнувањето поради нивниот прекршок е од големо значење за фудбалот. Веќе со години повикуваме да се преземат акции против Манчестер сити и ПСЖ“, порача Тебас.