Џордан го избра забивањето на Картер за најдобро во историјата! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот Мајкл Џордан во богатата кариера многу пати ги помести границите, па многумина сакаа да го имитираа, а пред натпреварувањето во забивање на Олстар-викендот зборуваше за забивањата кои му оставиле најголем впечаток.

Џордан дефинитивно беше највоодушевен од забивањето на Винс Картер, па го избра за најдобро во историјата.

„Најневеројатното забивање кое сум го видел во животот е тоа на Картер“, кажа Џордан.

Познатото забивање Картер го направи на Олстар-викендот во 2000 година кога победи во атрактивната дисциплина.

Овој 43-годишен кошаркар во НБА-кариерата играше за Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

Осум пати по ред учествуваше на Олстар-мечот, а во 2000 година со репрезентацијата на САД го освои и олимпиското злато.