Манчестер сити би можел да биде исфрлен во четврти ранг на англискиот фудбал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити е суспендиран на две сезони неиграње во европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј.

УЕФА реши да ги суспендира, а притоа и да ги казни со 30 милиони евра. Сити сигурно ќе се жали, но тешко дека ќе се промени одлуката.

Англиските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ прекршиле и правила во Премиерлигата, па Фудбалската асоцијација на Англија би можела да им одземе бодови.

„Телеграф“ утрово напиша дека казната може да биде и поригорозна и Сити да биде исфрлен во четврти ранг на англискиот фудбал, иако такво нешто е тешко да се случи.

Во секој случај, актуелниот англиски шампион е во многу тешка позиција, па би можел да го загуби и тренерот Пеп Гвардиола.