Вардар го растури Мотор за пласман во осминафинале во ЛШ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар одигра фантастичен меч пред публиката во СЦ „Јане Сандански“ и триумфираше со 38-28 во Лигата на шампиони, со што си обезбеди пласман во осминафиналето.

Двете екипи се соочуваат со големи проблеми затоа што загубија некои од најважните ракометари, но и покрај тоа Вардарци одиграа доминантен меч и заслужија да победат.

Мотор во првото полувреме тргна лошо и губеше со 5-10, но потоа врза една серија и намали на 10-11, но Вардар притисна во финишот и на полувреме замина со 16-11.

Во второто полувреме немаше дилеми за победникот на мечот, па Вардарци постојано ја зголемуваа предноста, која на крајот достигна 10 голови (38-28).

Најдобар во редовите на Вардар беше одличниот Сташ Скубе, кој постигна осум голови.