Лазаров со четири погодоци го сруши Горење за втор триумф на Нант


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот капитен Кире Лазаров повторно одигра главна улога во победата на Нант во ЕХФ Купот против Горење Велење (35-28), а тоа беше втор триумф за француската екипа.

Нант доминираше од самиот старт на натпреварот, а првиот дел го завршија со водство од 19-12 и така заминаа на пауза со речиси сигурна победа.

Горење му подготви пекол на Нант во вториот дел, откако успеа да намали на два гола негатива, но тогаш ги потрошија сите сили и не успеаа да направат пресврт, па Нант славеше со 35-28, а Лазаров постигна четири голови.