НБА-ѕвездите се држeа за раце во текот на говорот за Коби Брајант (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многу емоции имаше на НБА Олстар во Чикаго, во кој во драматичен меч славеше тимот на Леброн Џејмс со 157-155.

Мечот на сите ѕвезди помина во оддавање почит кон настраданата легенда Коби Брајант. Секако, најемотивен момент беше говорот на Меџик Џонсон, легендата на Лос Анџелес Лејкерс, кој добро го познаваше Коби Брајант, но и Дејвид Стерн.

„Загубивме два члена од НБА-семејството, кои значеа премногу на лигата, навивачите и заедницата ширум земјата. Стерн беше ден од најголемите комесари кои една лига ги има видено. И тука се бројот 8 и бројот 24, Коби Брајант. Ќе кажам уште еднаш дека ова навивање треба да биде малку посилно: Коби Брајант“, кажа Џонсон, по што публиката почна да го скандира неговото име.