Пјаниќ нема да игра само овој викенд против СПАЛ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ се повреди минатиот викенд на натпреварувот Јувентус-Бреша.

Тој мечот го започна од клупата, а шанса доби во второто полувреме. Но, Пјаниќ помина на теренот само седум минути и пораба замена поради повреда, што загрижи многумина.

Вчера беа одработени детални прегледи и се воспостави дека дошло до истегнување на мсукулот и дека не се работи за некоја посериозна повреда.

Италијанските медиуми денес пишаа дека Пјаниќ ќе биде надвор од терените околу седум дена и дека ќе го пропушти само гостувањето во СПАЛ овој викенд.

Но, Пјаниќ веќе би требало да се врати на тренинзите на почетокот од наредната седмица и скоро сигурно е дека ќе биде во конкуренција за натпреварот од 1/8 финалето во ЛШ против Лион кој се игра наредната среда.