Познато кога ќе се соочат Вардар и Нексе во четвртфиналето на СЕХА-лигата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар ќе се бори за нов фајнл-фор во СЕХА-лигата и тоа против хрватски Нексе, а денеска беа објавени термините за дуелите во четвртфиналето.

Вардар, кој го брани трофејот во СЕХА, ќе гостува најпрво на осми март во Хрватска во термин од 17 часот, додека реваншот е на 15 март во СЦ „Јане Сандански“од 20.15 часот.

Европскиот шампион досега освои пет трофеи во СЕХА-лигата, а само еднаш нема настап на завршниот турнир.