Валенсија потопена на „Сан Сиро“, Аталанта пред пласман во четвртфиналето (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во вечерашниот натпревародигра на „Сан Сиро“ условно кажано домаќинот на натпреварот, Аталанта го потопи тимот на Валенсија и победи со 4:1.

Италијанците речиси сигурно сепред пласаман во следната рунда од најелитното европско натпреварување затоа што Валенсија тешко дека ќе надомести три гола негатива на „Местаља“.

Хатебур и Илиќиќ во првиот дел донесоа стабилна предност од 2:0 за домашниот тим со кој се замина на полувреме.

Аталанта доминираше и во вториот дел па Фројлер и Хатебур постигнаа уште два гола за недостижна предност на домаќинот.

Резултатот само го намали Денис Черишев кој успеа да постигне погодок за гостинскиот тим на Валенсија.