Избегната тепачка на соочувањето помеѓу Фјури и Вајлдер (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деонтај Вајлдер и Тајсон Фјури ја одработија последната прес конференција пред мечот кој е закажан за 22. фебруари.

После долго гледање лице в лице и прилично тешки зборови од обете страни, дојде до физички контакт.

За среќа, обезбедувањето одговори брзо и се спречија поголеми физички судири, но сигурно ваквите потези секако го запалуваат жарот пред саботниот меч во Лас Вегас.

Вајлдер ќе се обиде да ја одбрани Светската титула во ВБЦ на овој меч, што го направи 10 пати претходно.

Фјури и Вајлдер исто така беа во рингот во декември 2018 година, во тој момент судиите по 12 рунди ја прогласија борбата нерешена.