Реал Мадрид нема да го продолжи договорот на Серхио Рамос?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите во Шпанија, се појавил голем проблем помеѓу Реал Мадрид и нивниот капитен Серхио Рамос.

Станува збор за новиот договор. Капитенот Реал има договор до 2021 година, а сè уште не добил понуда за преговори за нов договор.

Рамос ќе има 35 години кога ќе му истече договорот и прашање е дали челниците на Реал Мадрид сакаат воопшто да го продолжат договорот.

Рамос сака договор до 2023 година, што е еден од проблемите, затоа што Реал Мадрид им дава едногодишни договори на играчи над 32 години.

Финансискиот фер-плеј е исто така проблем, бидејќи Реал тешко ќе потроши околу 14 милиони евра по сезона за некој кој има 35 години.