Готово е: Барселона го потврди напаѓачот кој ќе ги замени повредените Суарез и Дембеле


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона и официјално го претстави Мартин Брајтвајт како нов фудбалер на клубот.

28 годишниот напаѓач доаѓа на „Камп Ноу“ од редовите на Легањес кој ќе добие 18 милиони евра за неговиот потпис.

Брајтвајт потпиша четири и пол годишен договор со гигантот од Шпанија и секако дека ова е негов фантастичиен, најдобар трансфер во кариерата.

Барселона неодамна доби дозвола од Ла Лига да ангажира напаѓач и покрај тоа што преодниот рок во Шпанија е завршен, а изборот на Каталонците падна токму на Брајтвајт. Откупната клаузула на играчот е 300 милиони евра.