Стевче Алушовски најави дека ќе играат без притисок и ќе бркаат бодови во Порто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар во Португалија ќе го одигра претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.

Избраниците на Стевче Алушовски имаат обезбеден пласман во елиминационата фаза, но на натпреварот против Порто ќе бркаат бодови кои ќе го искачат тимот нешто погоре на табелата и со тоа би добиле полесен противник за осминафиналето.

Првиот натпревар во Скопје, Вардар го доби со 32:27, а во однос на тој натпревар скопскиот клуб сега ќе биде без Кристијан Дисингер, Павел Атман и Даинис Криштопанс.

„Победата против Мотор во претходното коло ја подигна атмосферата в тимот. Сепак не треба тој резултат да ни дава преголеми оптимистички очекувања. Реално гледаме на ситуацијата. Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме довлно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот”, вели Стефче Алушовски, тренерот на Вардар.