Федерер ќе загуби 3.680 бодови: За колку позиции ќе падне Швајцарецот на АТП-листата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе загуби повеќе од 3.000 бодови поради операција на коленото, односно ќе пропушти голем дел од сезоната.

Федерер минатата сезона имаше одлична пролет и ги освои Дубаи и Мајами, а играше финале и на Индијан Велс, односно четвртфинале во Мадрид и Рим, како и полуфинале на Ролан Гарос.

Доколку Швајцарецот го пропушти и турнирот во Германија, на кој минатата година ја освои титулата, тој ќе загуби вкупно 3.680 бодови.

Федерер во моментов има 7.130 бодови, што значи дека ќе падне на помалку од 4.000. Колку за споредба, Александер Зверев во моментов е седми со 3.885 бодови, па Швајцарецот би можел да падне многу на табелата.