Вардар загуби од Порто и си „закажа“ дуел со ПСЖ или Пик Сегед во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар одигра одлично прво полувреме на гостувањето кај Порто, но сепак на крајот загуби убедливо со 22-30.

„Црвено-црните“, кои на голот го имаа расположениот Кизиќ успеаа да создадат предност од 3-1 на почетокот, но како минуваше времето Порто направи пресврт и на полувреме замина со 11-10.

Во второто полувреме Порто отвори со серија од 6-0, со што избега на 18-11 и тука беше јасно дека „црвено-црните“ до крајот ќе имаат пеколно тешка задача за да останат непоразени.

Вардар се обидуваше да направи изненадување, но не успеа во нивната намера и на крајот Порто славеше со убедливи 22-30.

Доколку Вардар го освои шестото место во групата Б, тогаш во осминафинале ќе игра против третопласираната екипа од групата А, а тоа најверојатно ќе биде Пик Сегед или евентуално ПСЖ.