Лацио славеше тешка победа во Џенова, Пандев изнуди пенал (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Лацио стигна до многу значајна победа на гостувањето во Џенова славејќи со 3:2 во еден феноменален натпревар.

Ова беше вкупно 20 натпревар на тимот на Лацио без пораз по ред. Во овој момент, клубот од главниот град на Италија се наоѓа на втората позиција само еден бод зад лидерот Јувентус.

Гостите го отворија резултатот преку Марушиќ уште во 2. минута, а на 2:0 зголеми Чиро Имобиле во 51. минута.

Касата намали на 2:1 во 57. минута, меѓутоа предноста од два гола ја врати Каталди со одличен гол од слободен удар. Џенова успеа само да го намали резултатот преку Кришито кој погоди од белата точка. Пеналот го изнуди Горан Пандев кој центрираше, а топката го погоди во рака еден од одбранбените играчи на Лацио, па по прегледувањет на снимката беше досуден пенал за Џенова.