ВАР на македонски начин: Главниот судија не досуди пенал, четвртиот му сугерираше, па Ралески се поправи (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доста  тензичен натпревар гледавме во Ѓорче Петров каде се сретнаа домашниот тим на Македонија со Академија Пандев.

Натпреварот изобилуваше со тензија, и на моменти убави фудбалски акции, а вистинската драма се случуваше во финишот на натпреварот.

Бојан Најденов играше со рака во својот шеснаесетник, а тоа не го забележа главниот судија Благојче Ралевски кој само неколку минути пред тој настан го замени првиот главен судија, Марјан Маркоски кој поради повреда мораше да биде повлечен крај аут линијата.

Ралески не го виде играњето со рака на Најденов, но по сугестија токму на Маркоски досуди на белата точка.

Тоа предизвика голем револт кај пандевци кои бурно реагираа кај главната судиска двојка, а откако работите се смирија, пеналот во гол го претвори Блажевски.