Бруно Фернандеш со гол и асистенција учествуваше во убедливата победа на Јунајтед над Вотфорд (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше убедлива победа од 3:0 против тимот на Вотфорд во денешниот натпревар од 27. коло од англиската Премиер лига.

Избраниците на Солскјер одиграа доволно за победа против тимот кој до крај ќе се бори да го одржи прволигашкиот статус во Англија.

Бруно Фернандеш го отвори резултатот од блеата  точка откако сам си изнуди пенал. На 2:0 зголеми Ентони Марсијал со одличен погодок, а конечниот резултат го постави Мејсон Гринвуд по асистенцијата на Бруно Фернандеш.