МЗТ со ремонт на екипата: Отпуштија Хрват и Србин, а ангажираа Турчин и Американец!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Српскиот и хрватскиот кошаркар Бојан Радуловиќ и Марин Морнар од денеска повеќе не се кошаркари на МЗТ Скопје, откако ги раскинаа договорите.

МЗТ соопшти дека тие двајца си заминале затоа што неодамна биле најавени промени во екипата пред решавачкиот дел од сезоната во домашното натпреварување, како и во АБА2-лигата.

Морнар во дресот на македонскиот клуб одигра 18 меча и во просек постигнуваше по 5,1 поен и 2,7 скокови, додека Радуловиќ на 17 дуел во просек постигнуваше по 2,5 поени и 2,8 скокови.

Местата на Радуловиќ и Морнар во екипата на МЗТ ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.