Комедија во НБА: Пол Џорџ се „прошета“ со топката по терен, а судиите не досудија – чекори! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс синоќа на домашен паркет го совладаа Мемис грилзис со 124-97.

Клиперс без поголеми проблеми дојдоа до 38 победа во сезоната, а победникот се знаеше дури по првата четвртина, која ја добија домаќините со 40-14.

Детал кој го одбележа мечот е на самиот почеток, а во центар на внимание беше Пол Џорџ, кој тргна во контра, но пред забивање направи очигледни чекори и на никој не му е јасно како тоа судиите не го забележаа.

Џорџ се прошета со тпоката по теренот и направи најмалку пет чекори, а потоа постигна кош, но судиите не реагираа.