Не се бира начин за заработка: Постојат луѓе кои се обидуваат на добијат пари на Коби и Џина (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во „Стејплс центарот“ синоќа беше одржана комеморација во чест на Коби Брајант, неговата ќерка Џина и останатите патници во хеликоптерската несреќа.

Коби и уште осум лица починаа на 26 јануари во хеликотперска несреќа, која се случи во близина на Лос Анџелес, а веста за тоа го потресе цел свет.

Синоќа во „Стејплс“ беше организирана комеморација од неговата сопруга Ванеса, а на истата присуствуваа многу познати личности.

Тие кои беа во салата како подарок добија книга со фотографија од починатите, посебна влезница и маичка на која се Коби и Џина, а цела заработка беше донирана во фондацијата.

Но, и на комеморацијата имаше такви кои дојдоа да заработат. Уште истата ноќ се продаваше маичка со Коби и Џина по цена од 800 долари.