Зидан знае веќе со кои фудбалери ќе заигра против Манчестер сити


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид утре играат на домашен терен против Манчестер сити во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

„Кралевите“ ги очекува тежок меч против Сити, по што следниот дуел им е против Барселона во Мадрид.

Зинедин Зидан пред мечот се најде во проблеми затоа што повторно се повреди Еден Азар. Белгиецот се врати на теренот по три месеци пауза, но повторно се повреди и најверојатно сезоната за него е завршена.

Проблем за утрешниот меч е и Герет Бејл, кој има проблеми со грип неколку денови. Но, шпанска „Марка“ пишува дека составот на „кралевите“ е веќе познат.

Зидан најверојатно на теренот ќе ги пушти: Куртоа, Карвахал, Рамос, Варан, Менди, Касемиро, Крос, Валверде, Иско, Винисиус Жуниор и Бензема.