Шоу на Леброн, Јанис изгледа се пострашно (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс го одбрани Стејплс Центарот од Њу Орлеанс Пеликанс со 118:109.

Во навистина добар натпревар, Лејкерс водеа во најголемиот дел од мечот. Сепак, Пеликанс честопати успеаја да се заканат, но на крајот Леброн Џејмс го прекрши натпреварот.

Кралот ги растури Пеликаните. Тој го заврши натпреварот со 40 поени (17/27) и додаде осум скока и шест асистенции.

Од друга страна, Брендон Инграм имаше 34 поени, додека првиот пик на НБА драфтот Зион Вилијамсон постигна 29 поени.

Милвоки Бакс продолжуваат да победуваат. Во дербито на Источна конференција, најдобриот тим во лигата го совлада актуелниот шампион на Торонто Рапторс со 108:97.

Повторно, Јанис Антетокумпо беше неверојатен. Тој имаше ефект од 18 поени и 17 скокови и упати само 14 шута на овој натпревар. Мидлтон беше најефикасен кај победничкиот тим со 22 поени а исто толку постигна и Паскал Сијакам кај Рапторс.

Во интересен дуел, Бостон Селтикс го совлада Портланд Трејл Блејзерс со 118:106 со 36 поени на Џејсон Татум.

Резултати од НБА-лигата:

Индијана – Шарлот 119:80
Торонто – Милвоки 97:108
Чикако – Оклахома 122:124
Денвер – Детроит 115:98
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 118:109
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112