Неочекувано: Реал Мадрид се откажа од Мбапе и ќе тргне по потписот на Салах


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид загуби на домашен терен од Манчестер сити со 1-2 во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони, па веднаш почнаа шпекулациите за потенцијалните засилуања на шпанскиот гигант.

Најголема желба на Зидан беше Килијан Мбапе, но тешко ќе го добие поради тоа што ПСЖ бара повеќе од 200 милиони евра.

Реал најде нова опција, а како што пренесоа светските медиум, меѓу кои и „Дејли Мејл“, тоа е ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој би бил големо засилување.

Ливерпул, наводно, ќе се согласи да го продаде Салах, но само за одредена сума. Засега се споменува дека во игра се 130 милиони евра.

За „кралевите“ тоа е прифатлива понуда, зашто би поминале поефтино за разлика од тоа да пробаат да го купат Мбапе.