Лампард „наредил“ итна продажба на Кепа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Челси, Франк Лампард сака клубот на лето да го продаде скапо платениот голман Кепа Аризабалага.

Лампард одамна нема трпение за голманот на Челси, па во последно време мрежата на „сините“ ја чува искусниот Вили Кабалјеро.

Тешко дека Челси од евентуална продажба на 25-годишниот Шпанец ќе ги добие вложените 80 милиони евра, колку англискиот гигант плати за младиот голман.

Кепа се најде во центар на скандал минатата година, кога одби да излезе од игра во финалето на Лига Купот, иако тогашниот тренер Маурицио Сари сакаше да го замени.

Да потсетиме, Кепа последните два меча остана на клупата на Челси, додека на голот стоеше 38-годишниот Кабалјеро.