ФИФА носи ново правило кое најмногу ќе ги „погоди“ Сити и Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ФИФА објави дека планира да воведе ново правило, кое се однесува на позајмицата на фудбалери. Досега клубовите не беа ограничени и можеа да позајмат колку сакаат играчи, а тоа најмногу го користеа Челси и Манчестерсити, кои имаат и над 20 позајмени фудаблери на други клубови.

Сепак, наскоро бројката ќе биде ограничена, па тие ќе мора да најдат некое решение. Ограничувањето важи само за фудбалери постари од 22 години. Од сезоната 2020/21 ќе може да се позајмат само осум играчи а од 2022/23 само шест.

Челси минатата сезона имаше позајмено дури 42 играчи, а многу од нив беа постари од 22 години и играа надвор од Европа. „Сините“ во моментов имаат позајмено фудаблери во дури 11 различни земји.