Олимпијакос пак гостува во Англија, Јунајтед ќе игра против ЛАСК, Интер ќе се судри со Хетафе


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во осминафиналето на Лига Европа, Манчестер јунајтед ќе има полесна работа затоа што го извлече австриски ЛАСК, а на Интер ривал ќе му биде Хетафе, додека меѓу дерби натпреварите се Севилја – Рома и Волфсбург – Шахтер.

Башакшехир ќе биде домаќин на Копенхаген, а Олимпијакос ќе му гостува на Вулверхемптон. Глазгов Ренџерс игра против Баер Леверкузен, додека Волфсбург ќе се пресмета со Шахтер.

Еден од главните фаворити за освојување на ЛИга Европа, Интер ќе игра против Хетафе, а Севилја ќе се пресмета со Рома во првиот меч во Шпанија.

Победникот од дуелот кој е одложен поради невремето меѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт ќе игра против Базел.