Коронавирусот го натера Милан да ја откаже пред-конференцијата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стандардната прес-конференција на Милан беше откажана поради ширењето на коронавирусот. „Росонерите“ играат против Џенова во недела од 12.30 часот, но утрешниот прес на тренерот Стефано Пиоли ќе биде откажан.

Клубот најави дека се решиле на таков потег поради коронавирусот и страв од истиот, па интервјуто со тренерот ќе биде направено на сајтот на клубот.

Да потсетиме, во северниот дел на Италија, во кој се наоѓа и Милано, е најлошо погодено подрачје засега во Европа од коронавирусот.

Натпреварите овој викенд во Италија се играат пред празни трибини, а еден од нив ќе биде и дербито помеѓу Јувентус и Интер.