Лампард даде коментар за иднината на Кепа Аризабалага


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Френк Лампард истакна дека вестите кои го поврзуваа Кепа Аризабалага со заминување од клубот се чиста лага.

Шпанецот веќе неколку натпревари не е прв избор на Лампард, па токму затоа се зголемија шпекулациите дека тој би можел да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

„Прочитав многу лажни написи оваа недела. Мојот фокус е на секој натпревар одделно, и така ќе биде дод крајот на сезоната. Потоа, секако, ќе бидат донесени одлуки кои го очекуваат клубот во летниот преоден рок. Но нема шанси сега да размислувам на летниот преоден рок, и затоа многу од тие написи се погрешни“ –изјави Лампард.