Анчелоти одговори на шпекулациите кои го поврзуваат неговиот играч со Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Евертон, Мејсон Холгејт во последно време се поврзува со трансфер во редовите на Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола има големи проблеми со одбраната, па планира да ја „крпи“ со играчот на Евертон, Мејсон Холгејт.

„Мислам дека тоа е само шпекулација, а и да не е шпекулација, можам да кажам само дека Мејсон е важен дел од иднината на Евертон и нема шанса да си оди во друг клуб. Нула можност, како што сака да каже мојот пријател Жозе Мурињ. Нула“ –изјави Карло Анчелоти.