Клоп говореше за можниот ангажман на Тимо Вернер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е убаво тоа што неговиот клуб бил фален од играчот Тимо Вернер кој се поврзува со трансфер на „Енфилд“.

Вернер неодамна изјави дека е многу горд што се поврзува со трансфер во Ливерпул, тим кој во моментов е најблиску до негов трансфер.

„Повеќе преферирам кога играчите зборуваат за нас на позитивен начин, отколку кога зборуваат дека ние би биле последниот клуб во кој би оделе. Од таа гледна точка, очигледно е убаво што тој така зборувал за нас, но тоа е тоа, нема ништо друго да се каже за овој играч“ –изјави Клоп.