Лестер претрпе нов пораз, сега им виси пласманот во Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Лестер претрпе пораз на гостувањето кај последнопласираниот тим на Норвич.

„Канаринците“ стигнаа до победа со голот на Џамал Луис за  кого ова беше дебитантски гол во дресот на Норвич.

Претходно Келечи Инхеначо постигна гол за Лестер, меѓутоа истиот беше поништен поради игра со рака.

Ова е вкупно четврт натпревар по ред за Лестер на кој немаат победа во Премиер лигата, а доколку Челси и Манчестер Јунајтед победат во следното коло ќе им се доближат на само три односно шест бода.